Скопска премиера на „Трето полувреме“

Филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ својата гала премиера пред скопската публика ќе ја има на 27 септември (четврток) во киното Милениум.

По премиерата со која беше отворен годинашниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кога и не беа задоволени техничките услови за прикажување, филмот на Митревски ќе биде прикажан во скопското кино Милениум, а потоa дистрибуиран и низ цела Mакeдонија.

Инаку, „Трето полувреме“ е снимен според вистинска приказна која на режисерот му ја раскажа Нета Kоен. Режисерот се држи до приказната само што вистинското име на сопругот на Kоен е Александар Младеновски, познат како Цане Kитката и играл за „Победа“. Во филмот тој лик се вика Kоста и игра за клубот „Македонија“.

 

You May Also Like