Интернационалниот „Фестивал на монодрама“ започнува во Битола во среда

Битола е подготвена за 15-иот по ред интернационален „Фестивал на монодрама“ во организација на Центарот за култура од Битола, кои ќе се одржи почнувајќи од среда, 24-ти, па се до недела, 28-ми април.

„На фестивалот учество ќе земат претставнци од Македонија, Словенија, Романија, Србија, Шведска, Украина, Тунис и Израел, ќе биде отворен со претставатата „Изгубени Германци“ на текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски. Оваа претстава МНТ од Скопје ќе ја одигра во чест на фестивалот“, рече Борче Димитровски, директор на Центарот за култура на денешната средба со новинарите.

Учесниците покажувајќи го својот актерски потенцијал ќе се борат за наградата Гран-при, која ќе ја додели меѓународно стручно жири предводено од страна на легендата на македонското глумиоште, Мето Јовановски.

„Она што можам да ветам е богата програма и во и вон конкуренција. При изборот на претстави најмногу држев до критериумот квлитет. Најважна секако е актерската игра и актерското мајсторство, но секако тука се и сценографијата, костимографијата, светлото и слично“, изјави актерот Петар Мирчевски, селектор на фестивалот.

Фестивалот е поддржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија и општина Битола.

„Чест е да се биде со оваа екипа. Тука мислам на организацијата, селекторот, жири комисијата, но пред се на понудата и можам да кажам дека оваа година очекувам најдобро издание“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Фестивалот ќе финишира со „Театар Комедија“ од Скопје кои ќе ја изведат претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски. На фестивалот ќе бидат изведени 10 претстави во официјална конкуренција, а 4 вон конкуренција.

You May Also Like