Изложба на Илија Миноски во Прилеп

Денеска (петок, 10 октомври 2014) во 20:30 часот во галеријата на Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба на акварели од познатиот прилепски и македонски уметник Илија Миноски.

Илија Миноски ќе се претстави со 30 акварели на тема,,Маркови кули,,. Изложбата е дел од свечената програма за одбележувањето на државниот празник 11 Октомври.

Илија Миноски е роден 1936 година во Прилеп, во семејство кое ја негувало уметноста. Неговиот татко Кирил бил еден од основоположинците на современата уметност во градот. Најпрво завршил Училиште за применета уметност во Скопје, а во 1978 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје, во одделот за сликарство во класата на професорите Б. Лазески, Д. Кондоски, Д. Тодороски, Д.Пандилов. Оставрил студиски патувања во Грција во 2004 година, а во 2005, 2006 и 2007 во Бугарија.
Најпрво работел како дизајнер во Велес, во фабриката за порцелаин, а од 1962 година до пезинионирањето, како наставник по ликовно образование во ОУ,,Климент Охридски,,.

Самостојни изложби:
-Прилеп (1971, 1981, 1991, 1995)
– Скопје – КИЦ (1993, 1999, 2000)
– Битола (1994)
– Штип(1999)
– Неготино, Гевгелија..
– Грција (2008).
Учествувал на повеќе групни изложби на ДЛУП, на ДЛУМ, во Лесковац, Валево, на ликовни колонии

Награди:
– Награда за животно дело – 2013 година на град Прилеп
– Специјална награда во Битола
– Диплома во Нови сад
– награда на ДЛУП за најдобро ликовно оставрување во 1985 на КПЗ Прилеп
– Три години прогалсен за најдобар акварелист во Бугарија
– Во Грција награда за успешен акварелист

You May Also Like