Ова е новиот филмски репертоарот на Градското кино Милениум, кој започнува од четврток (21.04.2011).
„Панкот не е мртов“
Почеток на претставите 20:00; 22:30
Наслов на филмот: „Панкот не е мртов“
Наслов на оригиналот: “Punk’s Not Dead“
Жанр: комедија
Земја на потекло: Македонија
Времетраење на филмот: 93 минути
Режија: Владимир Блажевски
Улоги: Тони Михајловски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски
Содржина:
По речиси две децении режисерски молк („Булевар на револуцијата“, 1992), Владимир Блажевски еден од нашите најистакнати режисери конечно стави потпис на својот трет игран долгометражен филм – „Панкот не е мртов“. И самиот панкер во душа, не по музичка определба, туку по животна филозофија, сценариото што го има развивано пет години конечно се отелотворува на големото филмско платно. Во меѓувреме, тој се потпишува и на сценаријата на „Џипси меџик“, „Големата вода“, снима неколку документарци, а паралелно се посветува на пренесување на знаењето на студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје.
Протагонисти во оваа црна комедија се бивши панкери кои намерно остануваат на маргините во матните времиња на македонската транзиција. Рутината на преживување на овие аутсајдери е нарушена со понуда од една локална НВО: да го реоформат нивниот некогашен култен панк бенд и да настапат на бизарен мулти-култи хепенинг. Целта на хепенингот е да се прикаже лажна слика за Македонија како земја со релаксирани меѓуетнички тензии.
Филмот е црна комедија, некаде во лимбо просторот измеѓу road movie и драма. Документаристичен cinema verite пристап, екстремно нискобуџетен, не само продукциски, туку и естетски. Еден од ретките филмови во Македонија кој се занимава со повеќе социјални приказни, ликови што сме ги виделе на улица, реплики што сме ги изговориле самите, во филмот скоро и да нема ништо измислено освен самата приказна која пак се базира на некоја приказна која ординирала на овие простори во Скопје.
Во екипата на филмот се: Тони Михајловски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Џевдет Јашари, Ратка Радмановиќ, директор на фотографија е Димо Попов, музиката е на Александар Пејовски.
„Механичарот“
Почеток на претставите: од понеделник до петок 13:00 и 17:30 часот; сабота и недела 15:00 часот
Наслов на филмот: „Механичарот “
Наслов на оригиналот: “The Mechanic“
Жанр: Акција, Трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 93 минути
Режија: Симон Вест
Улоги: Џејсон Стетхем, Бен Фостер,Тони Голдвин
Содржина:
Филмот е римејк на истоимениот филм од 1972 година во кој играл Чарлс Бронсон. Оригиналните филмски продуценти, Ирвин Винклер и Роберт Чартоф, посакаа повторно да се снима современа верзија од филмот, а правата за истиот беа доделени на Берлинскиотфилмски Варајети потврди дека сценариото за филмот го напишал Карл Гајдусек.
Вест и Стетхем беа најавени како дел од екипата во мај, истата година. Во октомври 2009 г., Бен Фостер и Доналд Садерленд учествуваат на кастингот покрај Стетхем. Снимањето започна на 14 октомври 2009 г. во Њу Орлеанс, Луизијана и траеше цели девет недели. Останати локации на кој се снимал филмот се св. Тамани фестивал во февруари Париш, зградата на Светскиот трговски Центар во Њу Орлеанс како и Алжирскиот пазар на морски плодови. Саундтракот е дело на Марк Ишам, со исклучок класичните дела кои се отсвирени од Бишоп (Џејсон Стетхем).
Артур Бишоп (Џејсон Стетхем) е “механичар” – елитен платен убиец со строг код на однесување и уникатен талент за безгрешна елиминација на целите. Работата која ја врши бара од него професионална перфекција и целосно жртвување, и затоа Бишоп е најдобар во тоа што го прави. Но, кога неговиот ментор и близок пријател Хери (Доналд Садерленд) го убиваат, несреќата емоционално го погодува Бишоп.
Неговата следна задача е да го најде убиецот на неговиот добар пријател и да го убие. Мисијата додатно се компликува кога синот на неговиот пријател Хари, Стив (Бен Фостер) му приоѓа со истата одмаздничка цел и решителност да го научи бизнисот на Бишоп. Бишоп секогаш дејствувал сам, но во овој момент не може да го напушти Стив (Бен Фостер).
„Сестрата Насмевка“
Почеток на претставите Од понеделник до петок во 15:00 часот, Европски филм
Наслов на филмот: „Сестрата Насмевка”
Наслов на оргиналот: “Sister Smile“
Жанр: драма
Земја на потекло: Италија
Времетраење на филмот: 98 минути
Режија: Stijn Coninx
Улоги: Cecile de France, Sandrine Blancke, Chris Lomme
Содржина:
„Сестрата Насмевка”, вистинита приказна за музиката, љубовта и трагичната судбина. Ова е белгиско- француски филм за животот на фасцинантната историска личност, калуѓерката Жанин Декер, која стана музичка ѕвезда под името Сестра Насмевка. Жанин, млада Белгијка која му се приклучи на еден доминикански манастир, стана ѕвезда во 1963-та година со песната „Доминик, ник, ник”.
Ова е до денес единствената белгиска песна што била на листата синглови во САД. Декер го напушти манастирот во 1967 година и почна да живее со партнерката, обидувајќи се да ја продолжи музичката кариера. Кариерата не и одеше добро и Декер и нејзината партнерка му се предадоа на алкохолот, тонејќи во сиромаштија…
„Mars Needs Moms“
Почеток на претставите: сабота и недела во 11:00 и 13:00 часот
Наслов на филмот: “На марс му требаат мајки”
Наслов на оригиналот: „ Mars Needs Moms “
Жанр: Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 88 минути
Режија: Симон Велс
Улоги: Сет Грин, Џоен Кјузак, Ден Фоглер, Минди Стерлинг
Содржина:
Фрли го ѓубрето, јади салата, исчисти си ја собата, кому му требаат мајки?. Деветгодишниот Мило (Сет Грин) ќе сфати колку навистина му е потребна неговата мајка кога таа ќе биде киднапирана од МАРСОВЦИ кои грабнуваат мајки од Земјата за да им ги израснат децата. Тука почнува вонземската авантурата на Мило за да ја спаси мајка му од Марсовците и нивниот лидер (Минди Стерлинг). Со помош на Грибл (Ден Фодлер) и бунтовната Марсовка Ки (Елизабет Харноис) Мило се бори да стигне до својата мајка – на овој или на оној начин.
Режијата е на Симон Велс (На Марс му требаат мајки, Временска машина, Принцот од Египет) кој е воедно и сценарист заедно со авторот на книгата „На Марс му требаат мајки“. Гласовите ги позајмуваат познати холивудски ѕвезди како Сет Грин, Џоен Кјузак, Ден Фоглер, Минди Стерлинг.
______________________________________________________
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 150 денари.
Се гледаме во Градско кино МИЛЕНИУМ