Наградени шест автори на Конкурсот за кратки книжевни форми

На Конкурсот на Меѓународниот фестивал за кратки книжевни форми, што го организираше Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје, пристигнаа повеќе од 1.000 творби од над 500 автори од земјава и странство.

Творбите беа во шест категории: поезија, проза, есеј, критика, драма и творештво за деца, а единствен услов беше трудовите да не бидат поголеми од една страница текст.

Жири-комисијата во состав: проф.д-р Христо Петрески, проф.д-р Даниела Андоновска – Трајковска и Искра Пенева ги награди следниве автори за нивните најдобри трудови: Наталија Неделкова (Бугарија) за поезија, Фрањо Франчич (Словенија) за проза, проф.д-р Виолета Николовска (Македонија) за есеј, проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска (Македонија) за критика, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ (Србија) за драма и проф.д-р Саша Делиќ (Босна и Херцеговина) за творештво за деца.

Избраните и наградените текстови се објавени во електронското издание “Современи кратки книжевни форми”, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје.

You May Also Like