Реконструкција на фасада на уште еден објект во центарот на Скопје

Градот Скопје денеска (среда, 06.03.2012 година) започна со обемниот проект за реконструкција на фасадата на дел од објектот на улицата 11 Октомври број 2, во продолжение на објектот од ресторанот „Пелистер“ кон плоштадот „Пела“. Зградата има приземје и пет ката, а долга е 72 метри.

За реконструкција на фасадата на овој објект ќе се употребат природни, автентични материјали – травертин и травертинско терацо во комбинација со завршни декоративни префабрикувани елементи. Фасадата ќе се реконструира во класичен стил. На овој објект, по реконструкцијата ќе биде изведена и илуминација.

Реконструкцијата треба да заврши за осум месеци. Градот Скопје во овој проект ќе вложи околу 24, 5 милиони денари .

You May Also Like