„Патувачкото кино“ пристигна во Крушево

Денеска (17 август, недела) во 21.00 часот, на Градскиот плоштад во Крушево пристигнува „Патувачкото кино“ на Македокс.

Во Крушево ќе бидат прикажани два документарни филмови „Македонија во слики“ и „Плати и жени“.

Инаку, манифестацијата „Крушево – град на културата“ продолжува на 19 август, кога на Градскиот плоштад придружуван од својот бенд, концерт ќе одржи Влатко Лозаноски – Лозано.
Паралелно со останатите културни настани, деновиве во Крушево се одржува и „Летната школа за гитара“, која ќе заврши со концерт на 23 август, кога покрај организаторот – Христу Мулар, ќе настапат и гостите на вечерта: Пепи Ренџов, Кокан Димушевски и Трајче Органџиев.

Ова богата културно лето во Крушево е благодарение на Министерството за култура на Република Македонија и Општина Крушево, кои заеднички ја реализираат манифестацијата „Крушево – град на културата за 2014 година“.

You May Also Like