Денеска (14 мај, вторник) во 19:00 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје (Дом на градежниците – спроти Гимназијата „Јосип Броз Тито“ ќе биде промовирана новата поетска книга на Јовица Тасевски Етернијан – „Исход“.
Книгата ќе ја претстави поетот и книжевен критичар Тодор Чаловски, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Александар Вељановски.
Во образложението на издавачот „Галикул“ за книгата „Исход“ се нагласува дека:
– „Новата поетска книга на Јовица Тасевски – Етернијан, насловена ’Исход’, се одликува со богата сликовитост, која се јавува во вид на сложена мрежа од симболи, а истовремено стиховите се карактеризираат со елиптичност и со специфична еуфоничност. Етернијан недвосмислено пројавува стремеж кон поетски елитизам и јазично-стилско совршенство. Во тој правец се неговите естетски мотивирани, лексичко-семиолошки истражувања во сферата на изразот“.