Откриена нова базилика во Хераклеја

Археолозите од националната установа Завод и Музеј во Битола открија нова базилика во западниот дел од античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.

Базиликата се наоѓа во непосредна близина на амфитеатарот. Станува збор за трикорабна градба со трем која во моментов се истакнува како најзначајна и најистакната од сите претходно најдени.

Базиликата, најверојатно, потекнува од ранохристијанскиот период од 4-от до 6-от век, кога Хераклеја Линкестис била епископско седиште.

You May Also Like