Младинскиот културен центар ве кани на промоцијата на музичкото остварување на дуото Кондратенко, 07 март, (понеделник), со почеток во 20:30 часот, градско кино Милениум.
Олег Кондратенко се вбројува меѓу најзабележителните македонски солисти од помладата генерација. Неговите студии по виолина, покрај на Факултетот за музичка уметност се одвиваат во европските центри Ротердам и Келн.
Ана Кондратенко дипломира во Келн, кај легендарниот руски виолинист Виктор Третјаков. Во моментов, е концертмајстор на Македонската филхармонија и филмскиот оркестар при Македонската радио телевизија. Добитник на награди на повеќе меѓународни натпревари.
Во прилог, ви проследуваме делови од неколку критики:
…неверојатни виртуозни музички слики. Еден облак од елемнти слични на огномет, кои во сеченјата еден со друг се огледува: кршливи само еден миг презентни… музика како од оној свет…
G.P.-Sudhessische Zeitung (Германија)
…технички суверено владеејќи со солистичката делница, Кондратенко со својата голема музикалност со полумрачната атмосфера на композицијата го вовлече и оркестарот, и слушателите…
Branimir Pofuk – Jutarwi List (Хрватска)
…емотивно допрени во соработка со Олег Кондратенко беа романтичните вриежи и драматичните возникнувања во Јаначековата Соната, а во Батоковата Втора Соната посебно се остварија бурните ескапади…
E.H. – Koeln Stadt-Ancieger (Германија)