Промоција на книга од Плевнеш во Белград

Денеска (петок, 28 декември, 2012) во Клубот на писатели на Србија, ќе се промовира романот „Осмото светско чудо“ на македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Романот на Плевнеш, кој на српски јазик го преведе академик Ристо Василевски, го објави издавачката куќа „Арка“.

За романот на Плевнеш ќе зборуваат претседателот на Друштвото на српските писатели, Радомир Андриќ, како и книжевните критичари Срба Игњатовиќ и Михајло Цвиетиќ.

Извадоци од романот ќе чита познатиот македонски актер Никола Ристановски.

You May Also Like