Утре (понеделник, 04 февруари, 2013) во 19:00 часот, во Спомен-куќата на Мајка Тереза Словенечкиот центар – Скопје организира Вечер на словенечка музика и поезија, по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден.
На свеченоста ќе се претстават припадниците на словенечката заедница во Република Македонија и студенти по словенечки јазик на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.
Прославата ќе биде реализирана во соработка со Амбасадата на Р.Словенија во Р.Македонија, Националната установа Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје и Филолошкиот факултет “Блаже Конески” – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” од Скопје.