Денеска (25 април, четврток) во просториите на Градската библиотека “Браќа Миладиновци”, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи промоција на книгата “Меѓу минатото и сегашноста (огледи и есеи на театарски теми)” од Иван Ивановски.
Ивановски е добитник на наградата “Димитар Митрев” за критика и есеј на ДПМ за 2012 год.
Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, а актерска интерпретација – Милица Стојанова.
