Охридски староградски средби 2011

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националнат установа Центар  за  култура „Григор Прличев“ – Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по  долгогодишна пауза  старите добри градски музички традиции.

Програмата е на високо ниво и е поддржана од Министерството за култура и пријателите на фестивалот.

На годинешното фестивалско издание кое ќе се одржи на 23 септември 2011 година, ќе настапат над  150 учесници од  повеќе познати староградски состави од градот домаќин – Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Куманово, Струмица, Скопје, како и од Поградец, Република Албанија.

You May Also Like