Дојранското културно лето од годинава има нова содржина арт музички фестивал „Дојрана“, кој ќе се одржи од 20-ти до 28-ми јуни под покровителство на општина Дојран …
Мајстори на музиката и танцот од Русија, Бугарија, Србија, Косово и Македонија ќе учествуваат во натпреварувачкиот дел од фестивалот кој ќе се одржи на иницијатива на едно граѓанско здружение од Кавадарци со цел да се промовираат убавините на Дојран и можностите за развој на туризмот.
Учеството на фестивалот го најавија и студентите од факултетот за музичка уметност во Штип, како и ученици од средното музичко училиште. Околу 200 музичари и танчери ќе се борат за гран при наградата од 500 евра, како и за наградите за тројцата најдобри по категории.