Вечер (четврток, 18 октомври, 2012) во 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, актерот Петар Темелковски премиерно ќе ја изведе монодрамта „Јустинијан Први“.
Текстот на претставата е на Јордан Плевнеш, а режијата на самиот актер Петар Темелковски. Костимите и сценографијата се на Тихомир Спировски.
Претставата ќе се игра и во Крушево и во Кавадарци, а на 26 ноември и во Скопје.