Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен е организатор на предновогодишниот концерт што ќе се одржи во Ресен, на 21 декември, со почеток во 19:30 часот.
Учество ќе земат културно уметничките друштва „Таше Милошевски“ од Ресен и „Илинден“ од Битола.
Настанот е поддржан од Министерството за култура, а е под покровителство на градоначалникот на град Ресен, Михаил Волкановски.
Покрај концертот, како дел од предновогодишната еуфорија најавени се и промоција на книга, детски театар и класична музика.