Полска вечер на „Охридско лето“ со пиано концерт на Јоана Трзечјак

Полска вечер  на Фестивалот „Охридско лето“ , во чии рамки се претставуваат познати уметници. Вечерва (вторник, 24 јули) пред фестивалската публика во Охрид целовечерен солистички концерт на пијано на познатата уметничка Јоана Трзечјак во катедралната црква „Света Софија“.

Претставувајќи се пред македонската јавност, уметничката Јоана Трзечјак изјави дека со нетрпение го исчекува вечерашниот концерт, од кој очекува да оствари близок контакт со публиката, да и пренесе порака.

– Првпат сум во Македонија и сум воодушевена од убавината на Охрид. Имав една проба на сцената каде настапувам и она сакам да го истакнам е дека сум свирала во многу цркви, во кои дури е пренагласена акустичноста. Света Софија е поинаков случај, тука акустиката е сосема поинаква и апсолутно совршена за одржување концерти.

За програмата на вечерашниот концерт рече дека е специјално избрана, со дела на Бетовен и од полски композитори Шопен и Шимановски, кои ретко се на програмата на солистичките настапи на пијано.

—————————————————————–

Јоана Трзечјак е дипломец на Конзерваториумот во Варшава и специјализант на Московскиот конзерваториум. Таа зад себе има богата интернационална кариера, со настапи на сцени низ Европа, САД, Канада,Бразил, Уругвај, Либан и други, одржувајќи солистички концерти но и свирејќи со познати оркестри и диригенти.Има снимено две компакт-диска со изведби на дела токму на Шимановски и на Шопен. Во 2012 беше наградена со посебен Орден за заслуги на Министерството за култура на Полска.

Трзечјак во Охрид допатува од италијанскиот град Парма каде настапуваше во „Cassa de la musica“ солистички концерт, а следниот концерт после „Охридско лето“ ќе го одржи в недела во шпанскиот град Жирона.

You May Also Like