Во издание на „Пирин“ од Скопје, излезе од печат новиот роман „Мртвиот коњаник“ на авторот Ванчо Меанџиски. Истиот е компониран како дело во кое се испреплетуваат реалното и надреалното.
Романот се состои од четири поглавја: Миракулите, Свадбата Панајотова, Неверствата и Ѕверствата.
– „Мртвиот коњаник“ е жесток роман за моралното пропаѓање и за вечната борба меѓу доброто и злото. Централен лик околу кој се врти дејствието во романот е Анастас Доганџиски, родоначалник на ова прочуено македонско семејство, вели авторот Ванчо Меанџиски.
„Мртвиот коњаник“ е вистинска химна на некогаш бујниот и бурен живот во селото Лешниково, во кое ниту еден позначаен настан не поминува без содејството на главниот јунак во романот Анастас Доганџиски.
Ова претставува вкупно осма книга по ред на авторот Ванчо Меанџиски, а е издадена со финансиска подршка на Министерството за култура. Промоцијата на романот „Мртвиот коњаник“ ќе се одржи во рамки на годинешните илинденски чествувања во Делчево.