Оваа 2012 година е ислучително продуктивна за Зоолошката градина во Скопје, пред се, поради огромниот број на принови. Вкупно се новородени 30 животни, од 15 животниски видови. Викендов на свет дојде уште едно мајмунче од видот макаки. Родителите Мики и Мима добија принова, а немирниот Муфка ќе има со кого да си игра!
Новородени животни во Зоо Скопје во текот на 2012 година (од 01.01.2012 до 20.07.2012 година):
јануари 2012
1. Лама (женка)
2. Овца – јагне (женка)
3. Павијан (Мажјак)
4. Кенгур
февруари 2012
1. Коза-јариња (три)
март 2012
1. Коза-јариња (четири)
2. Лемур (Мажјак)
3. Берберска овца (женка)
април 2012
1. Берберска овца (две женки)
2. Гибон (женка)
мај 2012
1. Еланд антилопа (женка)
2. Рис
3. Лама
4. Патас мајмун
јуни 2012
1. Елен лопатар (две женки, еден мажјак)
2. Тар
јули 2012
1. Патас мајмун
2. Бивол
3. Лама
4. Елен лопатар
5. Макаки мајмун
6. Овца – јагне