Меѓународен натпревар на камерна музика во Кавадарци

Вкупно деведесет и два камерни состави со вкупно 254 учесници се натпреваруваат на дводневниот, трет по ред меѓународен натпревар по камерна музика што денеска (четврток, 22 ноември) започна во Кавадарци.

Натпреварот се одржува во Домот на културата „Иван Мазов Климе“, кој заедно со основното музичко балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ се негови организатори. Покровители се градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и општинскиот совет. Натпреварувањето е потпомогнато и од Министерството за култура и Министерството за образование и наука.

– Натпреаврувачите се раководени од 67 ментори а ќе се претстават 85 класични и 7 традициски состави. Имаме натпреаврувачи од Кавадарци, Штип, Скопје, Велес, Битола, Неготино, Струга и Тетово, но и од Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, изјави Владимир Темков, директорот на Домот на културата „Иван Мазов Климе“.

You May Also Like