Мајските оперски вечери продолжуваат со „Травијата“

Утре (18мај, сабота), со почеток во 20:00 часот на сцената во Македонската опера и балет ќе се изведе познатата Вердиева опера „Травијата“.

Опера во три чина од Џузепе Верди. Либрето напишано од Франческо Марија Пјаве. Приказната се базира на новелата „Дамата со камелии“ од Александар Дима. Првата изведба е во Венеција, 6 март, 1853 година во Театро ла Фениче.

Диригент на претствата ќе биде Алесандро  Д‘ Агостини од Италија, режија на Нина Најденова од Бугарија, сценографијата е на Борис Стојнов од Бугарија, костимографија на Цветанка Стојнова од Бугарија, кореографија на Борјана Сечова од Бугарија и концерт мајстор на претствата ќе биде Климент Тодороски.

Во улогата на Виолета Валери ќе настапи сопранот Ирина Лунгу гостинка од Русија, како Алфред Жермон ќе го видиме тенорот Иван Момиров од Бугарија и во улогата на Жорж Жермон ќе настапи баритонот Марјан Јованоски.

You May Also Like