Со македонскиот филм „Ова не е американски филм“ на режисерот Сашо Павловски, синоќа во Крушево започна Неделата на филмот.
Синоќа беше прикажан и филмот „Влакна“ од режисерот Елеонора Венинова.
Денес на програмата беа 14 минутниот филм „Материјал за аудиција’ режиран од Ѓорче Ставрески, филм снимен во минатата година и „ Панкот не е мртов“ од режисерот Владимир Блажевски. Проекциите се во Домот на култура во Крушево.
Филмската уметност од денес ќе стане поинтересна и за најмладите, затоа што за нив е предвидена посебна програма, која во себе ја вклучува, ревијата на германски детски филм – детска програма од фестивалот „Буф“.
За утре во терминот од 12:00 е детскиот филм „Големиот сон“, снимен во 2011 година.
Неделата на филмот е во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата за 2014 година“, во организација на Општина Крушево, Министерството за култура на Република Македонија, Кинотека на Македонија, Агенцијата за филм на Република Македонија и GOETHE INSTITUT.