Здружението на Македонскиот националниот комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во рамките на своите програмски активности информира за програмите за одбележување на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај.
За значењето и работата на Здружението на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) од своето формирање во 1993 година показатели се пред сè активностите со кои секоја година се одбележува 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите. Со организирање на советувања и други придружни активности музејските работници од Република Македонија, ги изнесуваат своите искуства, размислувања, зборуваат за тешкотиите и проблемите со кои се соочуваат во текот на својата работа.
Во соработка со општина Крива Паланка, а со логистичка и финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија советувањето на тема: Музеи (меморија+креативност) = општествена промена, ќе се одржи на 17 мај (петок) 2013 година во градот на културата Крива Паланка.
Во работната програма на Советувањето свои презентации ќе имаат: Проф. д-р Никос Чаусидис и Проф. д-р Драгор Заревски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет, Г-а Данијела Трајковиќ Крстиќ – Музеј на македонската борба, Г-дин Рубинчо Белчески – НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, Г-дин Петре Камчевски директор на Музеј – галерија Кавадарци, Г-дин Драган Георгиев – НУ Музеј на Македонија и Г-дин Драган Величковски директор на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.
Во рамките на одбележувањето на денот на музеите е вклучен и проектот: Награда „ 18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за музејски проекти за 2012 година. По тој повод на ден 31 мај (петок) 2013 година во 12:00 часот во Музејот на македонската борба, свечено ќе бидат доделени наградите на добитниците.
Наградите се доделуваат во повеќе категории: Музеј на годината, Музејски проект на годината, Музејски работник на годината и Надворешен музејски работник.
Еве што музеите од нашата земјаосмислиле и ќе ги реализираат по повод Денот на музеите.
НУ „ЗАВОД И МУЗЕЈ“ – Битола ја подготви следната програма:
1. Праисториските дами од Македонија – изложба
Организатори: НУ „Завод и Музеј“ – Битола во соработка со Музеј на Македонија
Автор на изложбата: Ирена Колиштркоска Настева
Место: Мала сала на НУ „Завод и Музеј“ – Битола
Датум: 18ти Мај
Отварање на изложбата: 20 часот
2. Годишна ликовна изложба на Друштвото на Ликовни Уметници на Битола
Организатори: ДЛУБ – Битола во соработка со НУ „Завод и Музеј“ – Битола
Место: Магаза
Датум: 18ти Мај
Отварање на изложбата: 21 часот
3. Едукативни работилници, реализирани во текот на целиот ден во рамките на проектот „Учиме за нас“, а под мотото „Од утро до мрак“наменети за деца и ученици од различни возрасни категории кои штотуку зачекоруваат во светот на Музеите.
Организатор: НУ „Завод и Музеј“ – Битола
Автор на работилниците: м-р Ирена Ружин, Програмски директор на НУ „Завод и Музеј“ Битола
Теми на работилниците:
• Музејски детективи
• Ова е мое дело
• Сакам да бидам…..
• Кај ми се комшиите?
Место: НУ „Завод и Музеј“ – Битола
Датум: 18ти Мај
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
14.05-29.05.2013
1. Изложба“78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“, фотографии, Донација од Лучано Алиеви од Италија
• Едукативни работилници со ученици од средни училишта од Скопје
• Едукативни работилници со ученици од средни училишта од Милано, Италија
17.05.2013
1. Едукативни работилници: Проект “Јас во музеј“, Градинка “13 Ноември“ и основни училишта, по повод 18 мај денот на Музеите
18.05.2013
1. Отворен Музеј “ Музејот за децата – децата за Музејот“, едукативни работилници по повод 18 мај денот на Музеите
НУ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА
18.05.2013
Едукативна програма:
• Детски музејски клуб, активности „ Среќен роденден му посакуваме на Музејот“. 11:00 часот
• Презентација на анимиран филм „ Џоломари“ . Во рамките на проектната активност Урбана култура, го изработија учениците од СУГС Гимназија „ Орце Николов“ IV-5 клас, под раководство на проф. д-р Гордана Никчевска, и стручниот тим на едукатори од Музејот на Македонија ( Владимир Благојевиќ, Симонида Миљковиќ, Сузана Марковска и Вангел Штериов). 20:00 часот
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА
Картофилска изложба: “Тетово на старите разгледници”
Автор: Бранислав Светозаревиќ
Од 10 часот до 19 часот.
Концерт на традиционална музика и игра со ансамбл “Македонија”
Од 18 часот до 19 часот