Македонска поезија во Романија

Во годишниот зборник на Друштвото на писатели на Романија беа објавени избрани песни од современите македонски поети Раде Силјан, Милош Линдро, Димо Н. Димчев, Јовица Тасевски – Етернијан и Виолета Танчева-Златева.

Во книгата на над шестотини страници се претставени новите книжевни остварувања од повеќе афирмирани романски автори, а освен современата македонска поезија, претставени се и десетина истакнати современи германски поети.

Зборникот го уреди познатата романска авторка Ирина Петраш, а песните од македонските поети ги препеа Димо Н. Димчев.

You May Also Like