Премиера на претставата „Диши“ од Данкан Мекмилан во Драмски

Утре (29.12.2020, вторник) со почеток во 12:00 часот ќе се изведе премиерно претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски – Димсата, во Драмскиот театар во Скопје.

ДИШИ
(Бели дробови)
Од Данкан Мекмилан

Режија: Димче Николовски – Димсата
Превод: Бојан Бошковски
Сценографија: Илија Николовски
Костимографија: Раде Василев

Улоги:
Јасмина Василева
Димитрија Доксевски

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Тон – мајстор: Диме Илиоски
Светло – мајстор: Дејан Блажевски

Премиера: 29.12.2020 година

Кон претставата:

„„Диши“ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. Диши како да живее низ преиспитување. Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање.“
Димсата

You May Also Like