Денеска (петок, 10 август, 2012) во 21:00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела на Симон Шемов.
Изложбата се реализира во соработка со Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, во ракмите на проектот „Кич – да, сте или не?“, а на неа Шемов се претставува со 20 дела.
Симон Шемов е еден од најзначајните македонски современи уметници. Роден е 1941 година во Кавадарци. Ликовна академија завршил во Белград, Србија, а постдипломски студии во Лондон, Велика Британија. Предава сликарство, цртеж и медиум целулоза на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Покрај сликарство, Шемов се занимава со графика, ликовни интервенции, инсталации, со медиумот рачно изработена хартија и дигитална графика. Од 2003 година работи како автор и координатор на програмите на УНЕСКО (Парис) и ТЕМПУС (Брисел)
Изложувал во земјава и во сите поголеми светски центри, а остварил и студиски патувања во САД, Русија, Украина, Белорусија, Белгија….