Балетот, барем кај нас, е уметност во која низ годините имало многу мал број машки изведувачи. Низ историјата, љубителите на балетот ги паметат балетаните, како еден Екрем Хусеин, а од помладата генерација Кире Павлов и други. Секој помлад македонски балетан, кој посветено работи на својот напредок и раст, тука сме и ние како медиуми да го поттикнеме и промовираме.
Виктор Христовски е роден на 17 септември 2009 година во Скопје, Република Македонија. Ученик е во VIII одделение во О.У. „Мирче Ацев“ во скопската општина Ѓорче Петров, а истовремено е и редовен ученик во VIII одделение во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје. Во двете училишта постигнува континуиран одличен успех со просек 5,00.
На 7-годишна возраст ги прави првите чекори во балетското училиште Bullfrogs Ballet School (BBS) ( 2016- 2018 ). Во 2017 год, го има својот прв јавен настап, во рамките на завршен концерт на BBS, кој е одржан во Македонскиот народен театар, додека во 2018 година учествува во претсавата „Тацот на кадетите“ во прдукција на BBS, одржан во Македонската опера и балет.
Од 2018 година, продолжува основно балетско училиште во „ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ како редовен ученик под надзор на балетскиот педагог Дафина Данилоска.
Иако сѐ уште е млад балетан, тој активно учествува во голем број познати балетски претстави, кои на годишно ниво се одржуваат во Македонската опера и балет: Клеопатра, Жизел, Рајмонда, Оревокршачка, Ла Ла Ленд, Дон Кихот, Мајските оперски вечери итн.
Виктор учествувал на голем број фестивали, меѓу кои:
-„Фестивалот на класичен и модерен танц“, во 2018 и 2022 год,
– Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, во 2022 год,
– Интернационалниот фестивал „Xdance“, во 2019 и 2022 год,
– Учество на камп за класичен балет во Измир, Турција, во 2022 год и други.
Тој со неговиот труд и пожртвуваност, во соработка со неговите балетски педагози, постигнува завидни резултати на државно ниво:
– прво место на Државниот натпревар за ученици во основно балетско образование во 2018 год во Скопје,
– прво место на Државниот натпревар за ученици во основно балетско образование во 2022 год во Скопје,
– диплома за Лаурет I степен во дисциплината класичен балет на Интернационалниот фестивал „Xdance“ во 2019 год во Скопје,
– гран при на Интернационалниот фестивал „Xdance“ во 2022 год во Скопје
Последен настап на сцената на МОБ на 31.01.2023 година и 03.02.2023 година на 13 годишна возраст за првпат игра „Pas de trois“ во придружба на две балерини.
На Виктор му посакуваме многу успех во периодот кој следи. На Македонија и се потребни млади сили во сите сфери на културата, артисти кои ќе успејат и меѓународно да се потврдат и афирмираат. Само напред Виктор!
Александар Ристевски
*фотографиите и видеото се дел од колекцијата на семејството Христовски