Фотографска изложба со наслов “Nos Creare” вечерва, 4 јули 2019 (четврток) во 20:00 часот, ќе се одржи во Националната галерија на Македонија – објект Чифте Амам…
Посетителите ќе может да се дружат и да го видат творечкиот дух на децата кои половина година низ практична и теоретска едукација на различни локации низ државата како дел од фото-сафари работилниците создадоа 28 уметнички фотографии.
Овие фотографии ќе може да се купат на изложбата, “Nos Creare”, на 4 jули 2019 (четврток) 20:00 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам, а истата ќе биде од продажен карактер. Собраните средства од купените фотографии ќе се искористат за купување на фотографска опрема и компјутери со кои ќе го продолжиме учењето на нови вештини и креирањето на нови дела.
Ова ја докажува успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните
партнери.
Оваа работилница за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Целта е во наредниот период да се збогатат програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови на учење занимања, вештини и социјализација.