Изложба на Саритa Конеска во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ), на 17 март 2011 година (четврток), во 20:00 часот, ќе биде отворена прва самостојна изложба на Сарита Конеска, именувана „Небесното сино“. Изложбата ја сочинуваат дела кои се слични по колоритот и форматот, при што секое ја задржува својата посебност.

Во исто време, галериската поставка овозможува да делуваат како една авторска слика. Преовладува сината боја како носечки колорит, инспирирана од нијанси на небеското пространство, со што авторката нагласува космогониско потекло на мотивите што ги изработува.

Изложбата ќе биде отворена до 23 март 2011 година.

You May Also Like