В четврток (31 јануари, 2013) во 18:00 часот во Музејот нa соверемена уметност ќе биде отворена изложбата „Родченко и омаж од 20 графички дизајнери“.
Изложбата на дела на Александар Миколајевич Родченко се организира за прв пат на нашите простори. Истата ќе биде проследена со поставка на плакати од современи графички дизајнери чија инспирација е токму тој, а е дел од патувачката изложба насловена „Родченко 120“ по повод годишнината од раѓањето на овој голем уметник.
Оваа изложба е последната од низата активности кои Плакарт ги реализираше во рамки на програмата по повод јубилејот 5. години од формирањето на Здружението за графички дизајнери и иницирањето на проектот Меѓународен конкурс за студентски плакат.