Статија за Влада Урошевиќ во софиско списание

Во реномираното книжевно гласило “Литературен вестник”, кое два пати во месецот излегува во Софија, две старници се посветени на Влада Урошевиќ.

Урошевиќ е најавен како „едно од најистакнатите, репрезентативни имиња на современата македонска литература и еден од највидните поети на Источна Европа”.

На една страница е објавен есејот на бугарскиот поет и сликар Роман Кисјов, инаку веќе потврден афирматор на македонската поезија во Бугарија, под наслов „Играта на имагинацијата, митологијата на сонот и паралелните светови на поетот-волшебник“.

Во весникот се најавува дека во Софија наскоро ќе излезе изборот од поезијата на Урошевиќ под наслов „Митологија на сонот“.

You May Also Like