Во амфитеатарот Хераклеа со почеток во 20:00 часот ќе се одржи интернационална вечер на која ќе се претстават: Мексико со Балет фолклорико ,,Оризаба”, Турција со ТФГ,,Хој-тур”Чанкаја, ФА,,Врзосовиание” Поцзесна – Полска, ФА ,,Реситеана” – Ресита Романија.
41 издание на Републичкиот фестивал ,,Илинденски денови” ќе биде свечено затворено со НУ Ансамбал за народни игри и песни на Македонија ,,Танец”. Концертот е по повод ,,20 години независна Македонија”.
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија ,,Танец” веќе шест децении непоколебливо ја остварува својата благородна мисија – истражување, собирање, обработка и сценско адаптирање на најрепрезентативните сегменти од македонската традиционална ризница.
Врвните професионалци со своите автентични изведби ја запознаваат домашната и странската публика со македонското културно наследство придонесувајќи за неговиот континуитет и истрајност. Репертоарот на Ансамблот изобилува со сценски адаптации од сите играорни подрачја на Македонија.
Со своите бројни импресивни и оригинални концертни изведби ,,Танец” го маѓепсува народот ширум сценските простори во Европа, Азија, Северна Америка и Австралија.
Во рамките на програмата Бит фест 2011,на ден 03.08.2011 година (среда) со почеток во 11 часот, НУУБ ,,Свети Климент Охридски” организира изложба на тема „Литературното творештво за деца низ перото на роднокрајните автори од Ванчо Николески до денес“.
Покрај творештвото на Ванчо Николески ќе бидат изложени дела на други еминентни детски автори од Битола.
На ден 04.08.2011 (четврток) со почеток во 11 часот, организираме тркалезна маса на тема „Литературното творештво за деца низ перото на роднокрајните автори од Ванчо Николески до денес“. Учество најавија голем број автори.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.