Во рамките на културно лето Гази Баба 2011, на 29.07.2011 година (петок) на плоштадот во Автокоманда, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи концерт на музичката група „Силви Бенд“ со изведба на песни од „Коштана“ и најубавите реплики на Митке и Коштана од истоимената драма.
Покрај дуото “Силви Бенд”, на сцената ке се појави и голем пратечки бенд со многу фолклор и огромен перформанс.
Концертот е помогнат од Министерството за култура, со вклучување во Програмата на топол културен бран.