Започнува годинешното издание на „Танц Фест“

Вечерва (петок, 12 април) во 20:00 часот, на големата сцена во Македонската опера и балет, со балетската претстава „Надеж“ во продукција на Националниот балет од Анталија, Република Турција, ќе започне деветтото издание на „Танц Фест – Скопје“.

Во рамките на свеченото отворање на фестивалот, утревечер (сабота, 13 април), традиционално ќе биде доделена и наградата за Врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“.

Советот на Интернационалниот фестивал „Танц Фест – Скопје“ донесе едногласна одлука, Наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“, во 2013 година, да му биде доделена на Владимир Викторович Васиљев, водечкиот танчар при московскиот Бољшој театар.

You May Also Like