Денеска (понеделник, 10 декември, 2012) во 10:30 часот пред Шарената џамија во Тетово, ќе биде одбележано официјалното завршување на конзерваторските и реставраторските изведби на фасадата на џамијата.
Крајот на проектот ќе до означат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Пол Волерс.
Овој важен реставраторски проект беше овозможен преку грант во износ од 94.700 американски долари од Амбасадорскиот фонд за културна заштита, програма што беше финансирана од Стејт Департаментот на САД во септември 2011.