Трибина за туристичко-угостителската понуда во Скопје

Денеска (понеделник, 10 декември, 2012) во 12:00 часот, во Големата сала на Советот на Град Скопје, ќе се одржи трибина во чии што рамки ќе бидат презентирани резултатите од спроведеното истражување за најдобар угостителски објект во Скопје.

Истражувањето со тајни купувачи  го реализираше Град Скопје во соработка со SWOT RESEARCH, Агенција специјализирана за мистери шопинг. Во периодот од 15 октомври до 15ти ноември  се истражуваа услугите на 100 објекти во градот.

На трибината ќе бидат разгледувани мислењата и забелешките од спроведеното истражување, со цел унапредување на угостителските услуги и целокупната туристичко-угостителска понуда на ниво на град Скопје.

You May Also Like