Краткиот филмот „Врати“ на италијанскиот режисер Микеле де Анџелис, во кој главната улога ја толкува актерката Викторија Степановска, е избран да учествува на Канскиот филмски фестивал.
Филмот се снимаше лани во Македонија и е копродукција помеѓу Италија, САД и Македонија. Освен Степановска, играат и Иван Јерчиќ, Ратка Радмановиќ, Маја Андоновска, Слободан Степановски. Фестивалот во Кан ќе се одржи од 15 до 26 мај.
Извор: Дневник