Утре (понеделник, 29 април) е Денот на Кинотеката на Македонија, кој ќе се одбележи со пригодна свеченост, со почеток во 10:30 часот.
На свеченоста ќе бидат промовирани најзначајните проекти на Кинотеката, а ќе биде пргласен и добитникот на традиционалната награда „Златен објектив“ – за исклучителен придонес во македонската кинематографија.