Македонскиот виолинист Бојан Илкоски ја освои првата награда на 6. Меѓународен натпревар за гудачи во Ниш, Србија.
Илиоски студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Олег Кондратенко. Во досегашната кариера бележи бројни домашни и меѓународни успеси, награди и признанија, а настапува во Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска…