Верица Ковачевска и групата ОПА на Московското биенале на современи уметности

Верица Ковачевска и групата ОПА (Денис Сарагиновски и Слободанка Стевческа) учествуваат на четвртото по ред Московско биенале на современи уметности, кое се оддржува од 23ти септемви до 30ти октомври во Центарот за уметност „Артплеј“.

Групата ОПА учествува со мокументарецот (лажен документарец) „Македонска реалност“, снимен во Париз и реализиран во соработка со Сашо Талевски во 2003та година. 15 минутното видео, снимено во духот на ТВ документарците, кое ги опишува “големите успеси” на групата ОПА на париската културна сцена, “изложувајќи” во престижните “Палата на Токио”, Центарот “Жорж Помпиду” и сл., беше емитувано на ТВ А1 во август 2003та година, играјќи си со она што е лага, а што вистина. Видео снимките се направени на автетнтичните места спомнати во мокументарецот, а покасно, при монтажа, постпродукциски се вметнати постери и билборди низ париските улици, како и дела на групата ОПА низ париските најзначајни културни центри.

Верица Ковачевска учествува со видео документација од нејзиниот перформанс „Power Tower“ кој беше изведен минатата година во Загреб во рамките на „Урбан фестивал 10“. Во „Power Tower“ публиката која се наоѓаше на врвот на кулата Лотршчак беше во можност да ја следи и контролира видливоста на Ковачевска при нејзиното движењето пред видео камерите во областа Горни
Град.

Перформаност го анализира односот слобода на движење и видео-надзор, како и суптилните варијанти на контролирање во јавниот простор. Тој е дел од „Проектот Прошетки“ кој Ковачевска го изведува од 2006та година.

Делата на ОПА и на Ковачевска ќе бидат претставени во рамките на програмата „Медиа Удар – Фестивал на активистичка уметност”, курирана од Тања Волкова, а во која учествуваат и тактикал медиа дуото „The Yes Men” од САД, потоа „Gran Fury” од САД, контраверзните „Војна” од Русија, „Organ kritischer Kunst” од Германија и др.

 

You May Also Like