Оркестар ББ под светлата на Theatra + гратис влезници

Theatra, првиот независен театар со свој простор го гради и збогатува својот репертоар. Водејќи се по својата основна цел – отвореноста на театарската сцена, покрај редовната хит претстава, Мизантроп, веќе овозможува гостување на победничката претстава со 2 први награди на FIST 2010 година.

Оркестар Б.Б. (Бертолд Брехт) може да се разбере како еден коментар што си поигрува со политичките, социјалните и воопшто стереотипите кои произлегуваат од меѓучовечките односи. Игра голема актерска екипа која лесно развива апсурдни ситуации кои зборуваат за стварноста што не опрукужува и точно ја отсликуваат сегашната политичка локална и глобална хаотичност. Преку музика и сонгови сето ова е исполнето од: Мирослав Петковиќ, Ненад Митевски, Атанас Атанасовски, Тина Трпкоска, Наташа Петровиќ, Кристина Ласовска, Марија Стефановска, Ана Кафкалеска, Катерина Аневска, Катерина Чакмакоска и Слаѓана Вујошевиќ. Режијата е на Владо Цветановски и Мими Таневска.

Во интимниот простор на Theatra претставата само добива на динамичност и интеракција. Публиката навистина има можност непосредно да ги доживее сцените. Оркестар Б.Б. несекојдневно прецизно прозвучува и изгледа. Спојот на независниот принцип на работа и отвореноста кон клучните современи проблеми е она што нема да ве остави мирни на театарските столчиња и ќе го поттикне вашиот аплауз.

Со задоволство, Theatra ви најавува дека вашите билети можете да ги резервирате на contact@theatra.org или на +389 70 666 055. За повеќе информации за Оркестар Б.Б, следете ја официјалната фејсбук страна на Theatra , www.facebook.com/Theatra и дознајте повеќе за настаните и наредните изведби на Мизантроп во новиот скопски театар.

Првиот кој ќе пише на нашата страница, добива два билети за вечерашната претстава. Билетите ќе може да ги подигне на лице место, пред почетокот на претставата.

cOoLTuRa.mk

You May Also Like