Утре (петок, 27 јули) во 11:00 часот во Музејот на современа уметност ќе биде отворена ретроспективна изложба на скулптури на Борка Аврамова (1924-1993).
Мотото на ретроспективната изложба која ќе биде отворена до 30 септември е: Зошто Аврамова е нераскинлив дел оид историјата на Македонија. Ликовниот јазик е најмоќното оружје да се опстане во која било средина или во било која културно-истрориска консталација.
Борка Аврамова е родена во Тетово , а своето академско образование го завршила во АЛУ во Загреб и првата изложба ја имала во 1954 година во Скопје. Тоа е нејзината прва изложба на скулптури, но и прва изложба на жена -уметник во Македонија.