Дуото Рибарски настапи во Мала Преспа

Со настапот на Дуото Рибарски, завчера (5 септември), општина Пустец, Мала Преспа,  го започна чествувањето на Осми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Рибарски настапија во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски”, а ден претходно настапија и во Домот на културата „Ванѓуш Мио“ во Корча.

Кирил Рибарски во придружба на Милица Шперовиќ-Рибарски, ги изведе „Танц на огнот” од Де Фаља, „Хабанера” од Морис Равел, „Соло Мио” и др. Милица Шперовиќ-Рибарски ги изведе „Врата вино”, „Огномет”, „Фантазија импромити“ од Шопен и др. Како гостин на концертот настапи и Емил Рибарски на пијано.

Својот прв настап меѓу Македонците во Пустец Кирил Рибарски и Милица Шперовиќ-Рибарски го имаа пред четири години, исто така во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, Осми септември.

Годинава дуото Рибарски одбележува 35 години концертна дејност.

You May Also Like