Манифестацијата ќе биде отворена вечерва (четврток, 14 јуни) со почеток во 19:00 часот со положување на цвеќе пред споменикот на поетот во центарот на градот и на неговиот гроб пред Спомен Костурницата. На 49 -те Рацинови средби ќе учествуваат 17 поетиод нашата земја, како и од Бугарија, Грција, Романија и Србија.
Годинава за големиот поет- основоположник на македонската современа поезија Коста Солев Рацин ќе зборуваат авторите Илхами Емин и Иван Џепароски, по што ќе се одржи традиционалниот поетскиот митинг.
Годинашен добитник на престижносто Рациновото признание е Христо Петрески за неговиот роман „Лифтот (не) е за двајца“, а на Почесното Рациново признание Гркот Костас Валетас за афирмација на македонската култура и јазик во странство. Наградите на лауреатите ќе им бидат врачени в петок вечер.
Утре напладне е симпозиумот на тема „Творештвото на Рацин, во современ концепт“ кое ќе се одржува во Ликовниот салон во Велес. Манифестацијата вечер ќе биде и музички збогатена со концерт на составот „Старовски“ познат по музиката на текстови на македонски поети, а утревечер во чест на добитниците ќе настапи оркестарот на Пеце Атанасовски.