Весна Бејби по 100-ти пат како „Госпоѓа министерка“

Комедијата „Госпоѓа министерка“ на Бранислав Нушиќ в недела (27 јануари) на сцената на Македонскиот народен театар ќе ја доживее стотата изведба, на петтата обнова.

Претставата во режија на Наташа Поплавска, на сцената пред три години по подолго отсуство ја врати Весна Петрушевска како Живка Министерка.

Од театарот велат дека на сите досегашни 99 изведби имале полна сала и се барало билет повеќе.

„Госпоѓа министерка“со „Сомнително лице“ и „Чорбаџи Теодос“ се трите најизведувани претстави во МНТ. Досега постановката со Петрушевска ја виделе 35.000 луѓе.

You May Also Like