Кинематограферот на филмот Трето полувреме, Клаус Фуксјегер деновиве во неколку прилики истакна дека проекцијата на отворањето била недостојна, и го посочи Фестивалот како фактор на саботажа и непрофесионалност. Драго ни е што со денешното соопштение од негова страна, кое е испратено до медиумите, се демантираат сите наводни шпекулации и обвинувања – стои во официјалното соопштение од Фестивалот:
Објаснувањето е следно. Принципот на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ е ден-два пред проекциите, самите кинематографери лично да присуствуваат на техничка проба и да го одобрат начинот и форматот на проекција. Ова, без исклучок, со години се прави за филмовите од главната конкуренција и филмовите од отворањето и од затворањето. Истиот принцип беше применет и во случајот со проекцијата на Трето полувреме, кога лично кинематограферот Фуксејегер ја одобри проекцијата. И покрај придржувањето до препораките на Фуксјегер, проекцијата не беше на задоволителното ниво. Техничкиот тим на Сараевскиот филмски фестивал, кој е дел од организацијата на Фестивалот, заедно со тимот на „Браќа Манаки“, три дена ја бараа причината на проблемот, по што беше утврдено дека директивите од стана на г-динот Фуксјегер биле погрешни, што и самиот на свој начин го истакнува во образложението.
Поради тоа, денес Фестивалот „Браќа Манаки“ во Големата сала на Центарот за култура, организираше втора, затворена проекција на филмот Трето полувреме на Дарко Митревски. Жирито имаше можност уште еднаш да го види филмот од главната програма.
Сите членови на жирито, на чело со претседателот Келемен, уште еднаш го потврдија високото ниво на проекциите на Фестивалот.
Останува фактот дека, ако имаме најстар Фестивал во светот, во име на директорите на фотографија, мора да се има соодветни технички предуслови и вистинско кино. Ова Фестивалот „Браќа Манаки“ со години го истакнува како проблем што треба поскоро да се реши.
Во продолжение во целост и изјавата од Фуксјегер:
„Проекцијата на отворањето на 33. Фестивал „Браќа Манаки“ беше класичен пример дека придвижувањето на аналогниот свет кон дигиталната ера не ги олеснува нештатата, туку дополнително ги комплицира. Мојот филм беше прикажан со погрешен контраст, бледи бои, слаби сенки, што не соодветствува со изгледот и чувство на самиот филм. Нормално дека бев повеќе од незадоволен од тоа и барав објаснување. Откако три дни минав во консултација со колеги, како што е г-динот Бергер, и целокупно интернет истражување, заедно со техничарите откривме каде се крие грешката. Генерално високо модерниот проектор бил подесен на погрешен формат (2048х858 наместо 1920х818). Оваа, вообичаено мала промена, довела до горе наведените пречки, бидејќи пропорциите на пикселажата како да станале развлечени. Од истата причина и преводот беше преголем и изместен.
Мистерија е причината зошто тоа се случило, можеби некој чувствувал дека јас сум го одбрал форматот, но секако дека било недоразбирање, можеби сме биле загубени во преводот. Едноставно не сум знаел дека ДСП-то (Digital Cinema Projector, Дигитален кинопроектор) може да има 4 различни опции на кинемаскопски фoрмат, јас мислев дека го има само 1:2,4. Така што, драго ми е што повторно научив нешто, жал ми е што жирито мораше повторно да го гледа филмот, копнеејќи по времето кога на кутиите во кои се носат филмските котури го имаше испишано форматот на прикажување и немаше проблеми.“
Благодарам,
Клаус Фуксјегер, кинематографер на филмот Трето полувреме