Шведски народни приказни на македонски јазик

Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна ја објави книгата на „Шведски народни приказни“, во избор и превод од шведски јазик на Милка Наумовска.

Книгата претставува репрезентативен избор на народни приказни од оваа нордиска земји, карактеристична со својата митологија и историја.
Како во сите национални приказни, така и овде може да се препознаат некои мотиви од приказни на други земји, сите приказни сепак имаат свои специјални белези на шведската традиција и народно творештво.

Книгата открива едно богатство на фантазија, хумор и поезија што во основа ја карактеризира богатата ризница на шведските народни приказни.
Изданието ги содржи следните фантастични приказни: „Момчето што го надјаде џинот“, „Малата Роса и Високата Леда“, „Принцот Анесидеј и Принцезата Месеримеј“, „Овчарчето и кралот на самовилите“, „Ласе, момоку мој“, „Шугавиот“ и „Пинкел“.

You May Also Like