По повод седмиот роденден на Факултетот за арт и дизајн, денеска (30 мај, 2013) се организира студентска годишна изложба во Младинскиот културен центар – Скопје, со почеток од 20:00 часот.
На изложбата ќе бидат претставени делата на студентите од сите насоки: графички, моден и дизајн на ентериер за прв и втор циклус на студии.