Изложбата „Хенри Мур графичарот“ во салонот Скопје во Музејот на современата уметност, од отворањето на 18 април до 29 мај 2013 ја посетија 11 250 посетители.
Во текот на изложбата беа организирани бројни работилници со деца и млади, за која беше организирана изложба со наслов „Хенри Мур – инсприрација“.
Беше одржано предавање „Работејќи со Хенри Мур“, од страна на Дејвид Мичинсон, поранешен раководител на збирките и изложбите на Фондацијата ‘Хенри Мур’ и личен пријател на авторот.
Секојдневно можеа да се погледнат кратки документарни филмови за Хенри Мур од збирката на Би-би-си, а секоја среда имаше филмска проекција „Уметноста за Хенри Мур“ во времетраење од 60 минути.
Изложбата ќе биде отворена до 31 мај 2013 година.